Нов Завет

Евреите 7:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Мелхиседек беше цар на градот Шалем, а и свештеник на Севишниот Бог. Кога Авраам се враќаше од битката во која порази многу цареви, тој му излезе во пресрет и го благослови.

2. Тогаш Авраам зеде една десетина од се што заплени во битката и му го даде на Мелхиседек. Името Мелхиседек значи „Цар на правдата“. Но бидејќи „шалем“ значи „мир“, тој е значи и „Цар на мирот“.

3. Нам не ни е кажано дека тој имал татко, мајка или родословје, ниту почеток или крај на неговиот живот. По тоа е сличен на Божјиот Син и засекогаш останува свештеник.

4. Гледате колку бил голем Мелхиседек! Дури и нашиот славен предок Авраам му даде една десетина од највредното што го беше запленил во битката.

5. На свештениците, потомците на Левиј, им е заповедано во Мојсеевиот Закон да собираат десеток од народот, иако тие им се роднини, односно, потомци од Авраам.

Прочитајте целосна глава Евреите 7