Нов Завет

Евреите 5:4-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.

5. Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече: „Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко!“

6. А на друго место Бог за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек!“

Прочитајте целосна глава Евреите 5