Нов Завет

Евреите 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Секој Првосвештеник е човек одбран да ги застапува луѓето пред Бог. Тој ги принесува нивните дарови за Бог и жртвите за нивните гревови.

2. Тој може да биде нежен спрема луѓето, иако тие живеат во незнаење и често застрануваат, бидејќи и самиот е човек и има свои слабости.

3. Поради своите слабости, тој мора да принесува жртви не само за гревовите на народот, туку и за сопствените гревови.

4. Но никој не може да стане Првосвештеник само затоа што сака да има таква чест. Тој мора да биде повикан од Бога, како што беше повикан и Арон.

5. Така беше и со Христос. Тој не си ја додели Самиот на Себе честа да биде Првосвештеник, туку Бог Му рече: „Ти си Мојот Син, денес Јас станав Твој Татко!“

6. А на друго место Бог за Него вели: „Ти си вечен Свештеник, според редот на Мелхиседек!“

Прочитајте целосна глава Евреите 5