Нов Завет

Евреите 13:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Помнете ги вашите старешини кои први ви ја проповедаа Божјата порака. Видете го резултатот од нивниот начин на живеење и земете ја за пример нивната вера!

8. Исус Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!

9. Не дозволувајте да ве заведат со некои чудни учења. Внатрешната сила се добива преку Божјата дарежлива благонаклоност, а не преку држење обичаи за храна; оние што се држеа до овие обичаи, немаа никаква полза од тоа.

Прочитајте целосна глава Евреите 13