Нов Завет

Евреите 13:2-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Не пропуштајте да бидете гостољубиви, зашто некои луѓе така имаат угостено ангели, без да го знаат тоа.

3. Сеќавајте се на затворените, како да сте со нив во окови, не заборавајте ги страдалниците, како да сте и вие дел од нивното тело.

4. Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прељубниците ќе им суди Бог!

5. Во вашите постапки не бидете алчни за пари. Бидете задоволни со тоа што го имате. Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“

6. Затоа храбро можеме да кажеме: „Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот?“ Повик на следење добар пример

7. Помнете ги вашите старешини кои први ви ја проповедаа Божјата порака. Видете го резултатот од нивниот начин на живеење и земете ја за пример нивната вера!

8. Исус Христос не се менува: Тој е истиот, вчера, денес и засекогаш!

9. Не дозволувајте да ве заведат со некои чудни учења. Внатрешната сила се добива преку Божјата дарежлива благонаклоност, а не преку држење обичаи за храна; оние што се држеа до овие обичаи, немаа никаква полза од тоа.

10. А ние имаме жртвеник од кој дури ни свештениците што служат во Храмот немаат право да јадат!

11. Првосвештеникот ја внесува крвта од жртвуваните животни во Најсветото место на Храмот, како принос за гревовите. Но телата на животните се палат надвор од Храмот.

12. Затоа и Исус беше погубен надвор од градските порти, за да го исчисти Својот народ од гревови, преку Својата пролеана крв.

13. Така ние сега треба „да излеземе од тој Храм“ и да пристапиме кон Исус, станувајќи така соучесници во срамот на којшто Тој беше изложен.

14. Зашто ние овде на Земјава немаме град во кој вечно ќе живееме, туку го очекуваме во иднина.

15. Нашата постојана жртва е, со помошта на Исус, да Му принесуваме слава на Бог со своите усни, кои ќе Го величаат и прославуваат Неговото име.

Прочитајте целосна глава Евреите 13