Нов Завет

Ефесјаните 5:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Не дозволувајте никој да ве мами, наоѓајќи оправдување за ваквите гревови! За вакви работи Бог ги казнува сите непослушни луѓе!

7. Со такви луѓе немојте да си имате работа.

8. Вие порано бевте во мрак, но сега, откако поверувавте во Господ, ве огреа светлина. Затоа однесувајте се како деца на светлината.

9. Таа светлина во вас ќе роди секаков вид добрина, праведност и вистина.

10. Трудете се да откриете што Му е мило на Бог и тоа правете го.

11. Не учествувајте во бесполезни работи, кои се дела на темнината. Напротив, разоткривајте ги!

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5