Нов Завет

Ефесјаните 5:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.

21. Слушајте се еден со друг од почит спрема Христос.

22. Жените треба да ги слушаат своите сопрузи, онака како што Го слушаат Господ,

23. зашто мажот е глава на својата сопруга, онака како што Христос е глава на Црквата. Тој е Спасител на Црквата, која е Негово тело,

24. па, како што Црквата Му е послушна на Христос, така треба и жените во се да им се послушни на своите сопрузи.

25. Истото важи и за вас мажите. Секој маж нека си ја сака својата сопруга онака како што Христос ја сака Црквата и животот си го даде за неа,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5