Нов Завет

Ефесјаните 5:17-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Немојте да се однесувате глупаво, туку трудете се да сфатите како Господ сака да се однесувате.

18. Не опивајте се со вино! Тоа може само да ве уништи. Дозволете Му на Светиот Дух да ве исполни и да ве води!

19. Разговарајте еден со друг, читајте псалми, пејте химни и духовни песни! Вашите срца нека пеат за Господ!

20. Постојано и за се заблагодарувајте Му се на Бог, небесниот Татко во името на нашиот Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 5