Нов Завет

Дела Ап. 5:40-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

40. Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.

41. Апостолите си заминаа од собранието, радосни што Бог ги удостои да страдаат поради верност спрема името на Исус.

42. Потоа, секој ден, во храмот и по куќите, непрестајно го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5