Нов Завет

Дела Ап. 5:37-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.

38. И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целото ова движење и учење се од луѓе - ќе исчезнат,

39. но ако се од Бога не можете да ги уништите. Внимавајте да не се впуштите во судир со Бог!“ Собранието го прифати неговиот совет.

40. Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5