Нов Завет

Дела Ап. 5:36-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек. Му се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.

37. По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.

38. И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целото ова движење и учење се од луѓе - ќе исчезнат,

39. но ако се од Бога не можете да ги уништите. Внимавајте да не се впуштите во судир со Бог!“ Собранието го прифати неговиот совет.

40. Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.

41. Апостолите си заминаа од собранието, радосни што Бог ги удостои да страдаат поради верност спрема името на Исус.

42. Потоа, секој ден, во храмот и по куќите, непрестајно го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5