Нов Завет

Дела Ап. 27:24-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. и ми рече: ,Не плаши се, Павле! Ти сигурно ќе стигнеш до императорот, а заради тебе, Бог ќе им ги поштеди животите и на сите што пловат со тебе.‘

25. Затоа, луѓе, разведрете се! Јас верувам дека тоа што Бог ми го кажа ќе се оствари.

26. Ќе бидеме исфрлени на некој остров, но бродот ќе биде уништен.“

27. Кога дојде четиринаесеттата ноќ, откако бурата не фрлаше наваму-натаму низ Адријанското Море, некаде околу полноќ, морнарите забележаа дека се приближуваме до некое копно.

28. Ја измерија длабочината и утврдија дека изнесува околу триесет и седум метри. Пловеа уште малку, па пак ја измерија длабочината која сега изнесуваше само дваесет и седум метри.

29. Плашејќи се да не удриме во подводни карпи, тие фрлија четири котви од задниот дел на бродот и со трепет чекаа да осамне.

30. Тогаш морнарите се обидоа да побегнат од бродот. Почнаа да го спуштаат чамецот за спасување, под изговор дека од предницата на бродот ќе спуштаат котви.

31. Но Павле им рече на офицерот и на војниците: „Ако морнарите не останат на бродот, нема ни вие да се спасите!“

32. Тогаш војниците ги пресекоа јажињата на кои висеше чамецот за спасување и го пуштија да падне и да отплови.

33. Пред да осамне, Павле ги молеше сите да јадат, велејќи им: „Денес е веќе четиринаесетти ден како гладувате. Ништо не сте ставиле в уста.

34. Ве молам, каснете нешто. Тоа ќе ви помогне да се спасите. На никого од вас ниту влакно од главата нема да му недостасува.“

35. Кога им го рече ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да крши од лебот и да јаде.

36. Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 27