Нов Завет

Дела Ап. 22:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. „Браќа и татковци! Ислушајте ја мојата одбрана што сега ќе ја изнесам пред вас.“

2. Кога слушнаа дека им се обраќа на нивниот, арамејски јазик, уште повеќе стивнаа, а Павле продолжи:

3. „Јас сум Евреин. Роден сум во Тарс, град во покраината Киликија, но пораснав и се школував овде, во Ерусалим. Учител ми беше познатиот Гамалиел. Крај неговите нозе научив строго да се придржувам кон правилата и обичаите на нашите предци. Станав ревносен за Бог, исто како што сте и вие денес.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 22