Нов Завет

Дела Ап. 16:20-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Ги изведоа пред судиите и почнаа да викаат: „Овие Евреи го вознемируваат целиот град!

21. Тие проповедаат обичаи кои за нас, Римјаните, се неприфатливи!“

22. Против Павле и Сила веднаш нагрвали толпа народ, а судиите наредија да им ги соблечат горните облеки и да ги тепаат со стапови.

23. Откако сурово ги претепаа, ги фрлија в затвор и му наредија на чуварот добро да внимава на нив.

24. Чуварот ја спроведе наредбата, ги фрли во најдлабокиот дел од затворот и им ги стегна нозете во пранги.

25. Околу полноќ, Павле и Сила се молеа и со песна Го славеа Бога, а затворениците ги слушаа.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 16