Нов Завет

3 Јован 1:8-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Заради тоа треба да покажеме гостоприемство спрема таквите луѓе, та и ние да земеме учество во ширењето на вистината.

9. Јас им напишав едно кратко писмо на луѓето во црквата, но Диотреф, кој сака да биде водач меѓу нив, не не признава нас.

10. Затоа, ако дојдам, ќе го прекорам за тоа што го прави, напаѓајќи не злобно и неправедно. И тоа не му е доволно, па не само што самиот не ги прифаќа христијаните што доаѓаат во посета, туку и оние што би сакале да ги прифатат ги спречува и ги исклучува од црквата!

11. Драги пријателе, немој да земаш пример од оние што прават зло! Земи ги за пример оние што прават добро! Оној што прави добро е Божјо чедо, а оној што прави зло покажува дека не Го познава Бога.

Прочитајте целосна глава 3 Јован 1