Нов Завет

2 Тимотеј 3:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Уште од мал ги познаваш Светите писма, а тие можат да ти дадат мудрост за да го согледаш патот кон спасението, преку вера во Исус Христос.

16. Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено. Се што пишува во него може да ни користи за да се поучиме, да ни помогне да се поправиме и да ни покаже како праведно да живееме.

17. Светото Писмо совршено го подготвува секој Божји човек да умее да прави добри дела од секаков вид.

Прочитајте целосна глава 2 Тимотеј 3