Нов Завет

2 Солунјаните 3:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.

13. А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.

14. Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.

15. Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги како членови на вашето духовно семејство.

Прочитајте целосна глава 2 Солунјаните 3