Нов Завет

2 Коринтјаните 12:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам. Тоа Бог го знае.

3. Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.

4. Бев грабнат и однесен во рајот. Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.

5. Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.

6. Кога би сакал да се фалам, има многу работи со кои би можел да се пофалам, и тоа не би било неразумно, бидејќи е вистина. Но ќе се воздржам од фалење. Не сакам некој да стекне повисоко мислење за мене од она што го добива гледајќи ме и слушајќи ме.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 12