Нов Завет

2 Коринтјаните 12:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Иако фалењето не е добро, сакам да ви раскажам за виденијата и откровенијата што ги добив од Господ.

2. Пред четиринаесет години бев однесен на третото небо. Дали бев грабнат сосе тело, или само мојот дух, не знам. Тоа Бог го знае.

3. Бог знае дали грабнувањето беше сосе тело, или само на духот, но знам дека се случи.

4. Бев грабнат и однесен во рајот. Таму чув работи што не можат да се искажат, а и не ми беше дозволено да ги кажувам.

5. Со таквото доживување можам да се фалам, а со самиот себе не можам да се фалам, освен да признаам дека сам по себе сум немоќен.

Прочитајте целосна глава 2 Коринтјаните 12