Нов Завет

1 Тимотеј 5:4-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Ако вдовицата има деца или внуци, тие нека се учат да се грижат за оние што им се семејство, исто како што родителите се грижеле за нив. Нека ја покажат својата побожност најпрво спрема своето семејство. Тоа е она што Бог го бара од нив.

5. Вистинска вдовица е онаа што нема роднини, што верува во Бог, Му се моли дење и ноќе, и бара помош од Него.

6. Онаа вдовица што живее само за задоволства, духовно е мртва уште додека е жива.

7. Пренеси им ги овие упатства, за да не грешат.

8. Христијаните што не се грижат за своите роднини, а посебно за членовите на сопственото семејство, ја омаловажуваат верата! Тие се полоши и од неверниците!

9. Секоја вдовица за која ќе се грижи црквата треба да ги исполнува следниве услови: да има најмалку шеесет години, да му била верна на својот сопруг,

10. да се има докажано со правење добри дела, со одгледување деца, со гостољубивост спрема патници, со понизна услужливост спрема вистинските христијани, со тоа што им помагала на луѓето во невола и секогаш била посветена на правење добри дела.

11. Помлади вдовици не ставај на списокот. Ако телесните страсти ја надвладеат нивната посветеност спрема Христос, тие ќе посакаат повторно да се омажат.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 5