Нов Завет

1 Тимотеј 5:19-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Ако некој сака да обвини старешина во црквата мора да има најмалку двајца или тројца сведоци. Во спротивно, немој да го слушаш.

20. Оние што грешат, искарај ги јавно, па и другите да извлечат поука.

21. Пред Бог, пред Исус Христос и пред светите ангели, најсериозно те задолжувам да се придржуваш до упатствата што ти ги дадов! Немој да правиш дискриминација и да бидеш пристрастен!

22. Не избрзувај да ракополагаш луѓе за Божја служба! Не соучествувај во туѓи гревови! Чувај се да останеш чист!

23. Не пиј веќе само вода. Пиј по малку и вино, заради твојот стомак и болестите што често те мачат.

24. Казната за гревовите на некои луѓе е очигледна, а кај други гревовите и казната ќе станат очигледни дури по извесно време.

25. Така е и со добрите дела. Некои се очигледни, но и оние што не се нема да останат скриени.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 5