Нов Завет

1 Тимотеј 4:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.

9. Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.

10. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.

11. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.

12. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 4