Нов Завет

1 Тимотеј 4:7-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.

8. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.

9. Оваа порака е веродостојна и заслужува целосна доверба.

10. Напорно работиме и се бориме, бидејќи се надеваме на Живиот Бог, Кој е Спасител за сите луѓе, а особено за оние што веруваат.

11. На тоа треба да ги упатуваш и поучуваш луѓето.

12. Не дозволувај никој да те потценува поради тоа што си млад. Со тоа што ќе го зборуваш, со твоето поведение, со твојата љубов, вера и чистота, биди им пример на сите христијани.

13. Додека да дојдам кај вас, посвети се на читање на Светото Писмо во црквата, на проповедање и поучување.

14. Не запоставувај го духовниот дар што ти беше даден преку пророштво, со полагање раце од страна на советот на старешините.

15. Извршувај ги овие должности, посвети им се целосно, нека се гледа дека напредуваш.

16. Внимавај како живееш и како поучуваш! Истрај во праведната работа, за да се спасиш и себеси, и оние што те слушаат.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 4