Нов Завет

1 Тимотеј 4:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Се што е создадено од Бог е добро. Ако се јаде со благодарност, ништо не е забрането.

5. Божјиот збор и молитвата го прават чисто и свето.

6. Ако вака ги поучуваш другите христијани, добро ќе ја извршуваш службата што ти е доверена од Исус Христос. Со тоа ќе покажеш дека и самиот се храниш од пораката на верата и здравото учење што го следиш.

7. Држи се настрана од непристојни и бабини прикаски! Вежбај се да бидеш вистински побожен.

8. Од телесните вежби има одредена полза, но побожноста е многу покорисна. Таа ветува награда и за сегашниот и за идниот живот.

Прочитајте целосна глава 1 Тимотеј 4