Нов Завет

1 Солунјаните 3:7-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Така, драги пријатели, и покрај сите маки и страдања низ кои минуваме, вашата вера многу не охрабри.

8. Вашата непоколеблива вера во Господ претставува силен поттик за нас.

9. Како да Му се заблагодариме на Бог за вас? Како да Му возвратиме за сета радост што ни ја причинувате?

10. Деноноќно, од се срце Му се молиме на Бог пак да се сретнеме со вас и да ви помогнеме онаму каде што имате потреба во однос на вашата вера.

11. Се молиме Бог, нашиот Татко, и Господ Исус Христос, да ни дозволат пак да дојдеме кај вас.

12. Господ нека ја поттикне љубовта што ја имате еден спрема друг и спрема сите луѓе. Таа љубов нека расте онака како што расте нашата љубов спрема вас.

13. А кога нашиот Господ Исус ќе дојде, заедно со сите Негови следбеници, нека ги направи вашите срца чисти и посветени во очите на Бог, нашиот Татко. Амин.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 3