Нов Завет

1 Солунјаните 2:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Впрочем, драги пријатели, потсетете се како ние работевме и се трудевме. Ден и ноќ работевме за својата издршка, за да не му бидеме на товар на никого од вас додека ви ја проповедавме Божјата Радосна вест.

10. Вие и Бог сте ни сведоци дека нашето поведение спрема вас христијаните беше искрено, праведно и беспрекорно.

11. Знаете дека спрема секого од вас се однесувавме онака како што татко се однесува спрема своите деца.

12. Ве охрабрувавме, ве утешувавме и ве поттикнувавме да живеете онака како што прилега за Бог, Кој ве повикува да станете дел од Неговото царство и да учествувате во Неговата слава.

13. Постои и друга причина поради која ние постојано Му заблагодаруваме на Бог. Кога ја слушнавте од нас Божјата порака, вие ја прифативте не како порака што доаѓа од луѓе, туку како Божја порака, што таа навистина и е. Таа сега дејствува во вас кои поверувавте.

14. Драги пријатели христијани, вам ви се случија истите нешта што им се случуваат на Божјите цркви во Јудеја и на сите луѓе што Му се верни на Исус Христос. Вие настрадавте од вашите сонародници, исто како што тие страдаа од Евреите,

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 2