Нов Завет

1 Солунјаните 2:14-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Драги пријатели христијани, вам ви се случија истите нешта што им се случуваат на Божјите цркви во Јудеја и на сите луѓе што Му се верни на Исус Христос. Вие настрадавте од вашите сонародници, исто како што тие страдаа од Евреите,

15. од оние што Го убија Господ Исус, што ги убиваа пророците, од оние што и нас жестоко не прогонуваа. Тие не Му се по волја на Бог. Непријателски се расположени спрема целото човештво.

16. Ни забрануваа да им проповедаме на луѓе што не се Евреи, за да не се спаси и некој што не е Евреин! Со тоа докрај се исполни списокот на нивните гревови. Сега Божјиот гнев конечно дојде и на нивна глава.

17. Драги пријатели! Колку многу ни недостасувате, колку желно сакаме пак да ги видиме вашите лица, иако само кратко време сме одвоени од вас, се разбира физички, но не и во нашите мисли.

18. Сакавме да дојдеме кај вас. Јас, Павле, не еднаш се обидов, но Сатаната не спречи.

19. Конечно, што ни дава надеж и радост, со каков венец ние ќе се гордееме? Тоа сте вие! Кога нашиот Господ Исус повторно ќе дојде, ние со вас ќе се гордееме и ќе се радуваме.

20. Вие сте нашата слава и радост.

Прочитајте целосна глава 1 Солунјаните 2