Нов Завет

1 Петар 3:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете

2. преку вашето непорочно и побожно поведение.

3. Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.

4. Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.

5. Така во минатото се украсуваа светите жени. Имајќи вера во Бог, тие им се покоруваа на своите сопрузи.

6. Така Сара му се покоруваше на Авраам, нарекувајќи го свој господар. Вие сте сега нејзини ќерки, и ако го правите тоа што е правилно, од ништо не треба да се плашите.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3