Нов Завет

1 Петар 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Вие, мажените жени, треба да им се покорувате на своите сопрузи, дури и ако тие не се однесуваат во согласност со Божјото Слово. Вашето поведение зборува посилно од зборови. Ќе ги придобиете

2. преку вашето непорочно и побожно поведение.

3. Вашата убавина да не биде само надворешна. Нека не се сведува на дотерување на косата, на накит и скапи облеки.

4. Треба да зрачите со внатрешна убавина, со кроток и тивок дух, со нераспадлив накит, со она што е скапоцено пред Бог.

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3