Нов Завет

1 Коринтјаните 6:15-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Зар не сфаќате дека вашите тела се органи на Христовото тело? Треба ли сега јас да земам нешто што е Христово и да го соединам со проститутка? Никако!

16. Или не ви е јасно дека оној што се соединува со проститутка станува едно со неа? Светото Писмо вели: „Двајцата ќе станат едно тело.“

17. На сличен начин, Кој се соединува со Господ, станува еден дух со Него.

18. Бегајте од блудот! Секој друг грев што човек може да го направи е надвор од неговото тело, но со блудот греши против сопственото тело.

19. Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој ви е подарен од Бог за да живее во вас? Вие не сте ваша сопственост.

20. Откупени сте со скапа откупнина! Затоа, користете ги вашите тела со нужната почит спрема Бог.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 6