Нов Завет

1 Коринтјаните 4:15-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Дури и да имате десет илјади учители што ќе ве поучуваат за Христос, имате само еден духовен татко. Јас ви ја донесов Радосната вест за Исус Христос и така станав ваш духовен татко.

16. Затоа ве молам да го следите мојот пример.

17. За таа цел го испратив кај вас Тимотеј. Тој е мое драго чедо и верен служител на Господ. Тој ќе ве потсети за она што јас го проповедам за Исус Христос по сите цркви каде што одам.

18. Некои од вас мислат дека јас никогаш веќе нема да дојдам во вашата црква, па се поставија на високо.

19. Но, ако даде Господ, наскоро ќе дојдам и ќе видам колку се силни оние што се креваат на големо, не на зборови, туку на дело.

20. Зашто Божјото царство не е празни зборови. Тоа е сила!

21. Што сакате: да дојдам кај вас со стап, или со љубов и со кроток дух!?

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 4