Нов Завет

1 Коринтјаните 15:20-27 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Но Христос воскресна од мртвите! Тој стана прв плод од големата жетва на сите што ќе бидат воскреснати од мртвите.

21. Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.

22. Како што сите умираме поради нашата поврзаност со Адам, така сите што се поврзани со Христос повторно ќе оживеат,

23. но според утврдениот ред. Прво воскресна Христос, а потоа, кога Тој ќе се врати, ќе воскреснат и Христовите следбеници.

24. Потем ќе дојде крајот. Христос ќе ги уништи сите зли владетели, власти и сили и ќе Му го предаде царувањето на Таткото Бог.

25. Зашто Христос ќе владее се додека не ги собори и згази сите Свои непријатели.

26. Последниот непријател што ќе биде уништен ќе биде смртта.

27. Кога Светото Писмо вели: „Се ќе покори под Своите стапала,“ јасно е дека тоа не Го вклучува Бога, зашто Бог е Тој што ќе покори се и ќе Му го потчини на Христос.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 15