Нов Завет

1 Коринтјаните 1:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Погледнете се, драги мои, вие што сте од Бога одбрани: меѓу вас нема многумина што се мудри според човечки мерила, ни многу моќници или луѓе од благородничко потекло.

27. Напротив, Бог ги одбра оние што овој свет ги смета за прости, за да ги посрамоти оние што се сметаат за мудри. Бог ги одбра оние што во овој свет се немоќни, за да ги посрамоти моќниците.

28. Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.

29. Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1