Нов Завет

1 Коринтјаните 1:21-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Кога мудриот Бог виде дека луѓето преку сопствената мудрост никогаш нема да дојдат до Него, реши да им обезбеди спасение на оние што ќе и поверуваат на оваа, навидум бесмислена порака што ние ја проповедаме.

22. И додека Евреите бараат знаци од небото, а Грците мудруваат,

23. ние проповедаме за Христос Кој беше распнат за да не спаси. Тоа за Евреите е неприфатливо, а за другите народи - бесмислено!

24. Но за оние што се повикани од Бог да се спасат, без разлика дали се Евреи или се од другите народи, во Христос се покажа Божјата сила и Божјата мудрост.

25. Овој навидум неразумен Божји план е многу помудар и од најмудрите човечки планови, и она што ни изгледа слабо од Бог е многу помоќно од сета човечка моќ.

26. Погледнете се, драги мои, вие што сте од Бога одбрани: меѓу вас нема многумина што се мудри според човечки мерила, ни многу моќници или луѓе од благородничко потекло.

27. Напротив, Бог ги одбра оние што овој свет ги смета за прости, за да ги посрамоти оние што се сметаат за мудри. Бог ги одбра оние што во овој свет се немоќни, за да ги посрамоти моќниците.

28. Бог ги одбра оние што не се од благородничко потекло и оние што се презрени во овој свет, за да ги направи ништожни оние што овој свет ги смета за многу важни.

29. Така ниеден човек не ќе може да се фали пред Бог.

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1