Нов Завет

1 Коринтјаните 1:15-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. за да не рече некој дека е крстен во мое име.

16. (Да, ги крстив и членовите на семејството на Стефан, а не се сеќавам дали сум крстил уште некој.)

17. Христос не ме испрати да крштавам, туку да ја проповедам Радосната вест, и тоа не со мудри говори, за да не се омаловажи силата на делото што го изврши Христос на крстот.

18. Проповедањето за смртта на Исус на крстот им звучи бесмислено на луѓето што се на патот кон пропаста, но за нас што сме на патот на спасението тоа претставува Божја сила.

19. Во Светото Писмо, Бог вели: „Ќе ја уништам човечката мудрост, ќе ги отфрлам нивните најостроумни идеи.“

Прочитајте целосна глава 1 Коринтјаните 1