Нов Завет

1 Јован 5:8-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.

9. Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.

10. Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.

11. Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.

12. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.

13. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.

14. Заради тоа ние имаме доверба во Бог и знаеме дека кога молиме нешто што е во согласност со Неговата волја, Тој ќе ни го исполни.

15. Знаеме дека кога се молиме Тој не слуша и сигурни сме дека на нашите молитви ќе добиеме одговор.

16. Ако некој од вас гледа дека некој христијанин прави грев што не е за смрт, нека се помоли и Бог ќе му даде живот на оној што згрешил. Ова се однесува на гревови што не се смртоносни. Постои и смртоносен грев и јас не велам дека треба да се молите за оние што го извршиле тој грев.

17. Секоја неправедност е грев, но секој грев не е смртоносен.

18. Знаеме дека ниедно Божјо чедо не продолжува постојано да греши, бидејќи Божјиот Син го чува и Ѓаволот не може да допре до него.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5