Нов Завет

1 Јован 5:1-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Секој што верува дека Исус е Месијата, е препородено Божјо чедо. Секој што го сака Родителот, ќе ги сака и Неговите чеда.

2. По што знаеме дека ги сакаме Божјите чеда? По тоа што Го сакаме Бога и ги извршуваме Неговите заповеди.

3. Да Го сакаме Бога значи да се придржуваме до Неговите заповеди без тие да ни претставуваат бреме.

4. Секој што е препородено Божјо чедо може да надвладее против светот. Таа победа против светот се постигнува преку вера во Христос.

5. Кој друг ќе го победи овој свет, ако не оние што веруваат дека Исус е Божјиот Син!?

6. Христос ни беше објавен како Божји Син преку Неговото крштавање во водата и преку пролевањето на Неговата крв на крстот. Не само преку вода, туку преку вода и крв. Светиот Дух ни сведочи за тоа, а Нему може да Му се верува.

7. Значи постојат тројца сведоци:

8. Духот, водата и крвта, и сведоштвата на сите тројца сведоци се совпаѓаат.

9. Ако прифаќаме сведочење од човек, Божјото сведоштво е уште посилно. Затоа ние го прифаќаме она што Бог ни го сведочи за Својот Син.

10. Секој што верува во Божјиот Син, го има ова сведоштво во своето срце. Оние што не Му веруваат на Бог, Го прогласуваат Бога за лажливец, бидејќи не Му веруваат на сведоштвото што го даде Тој за Својот Син.

11. Сведоштвото кажува дека Бог ни даде вечен живот и тој живот доаѓа од Неговиот Син.

12. Кој го има Божјиот Син, има вечен живот. Кој го нема Божјиот Син, нема вечен живот.

13. Ова ви го напишав за да знаете дека вие што верувате во името на Божјиот Син имате вечен живот.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 5