Нов Завет

1 Јован 4:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Ние возвраќаме со љубов, зашто Бог прв не засака.

20. Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните, тој е лажливец. Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено?

21. Христос ни даде ваква заповед: Тој што Го сака Бога, треба да ги сака и христијаните околу себе.

Прочитајте целосна глава 1 Јован 4