Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 1:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.

6. Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.

7. Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!

8. Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.

9. Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.

10. Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;

11. ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.

12. Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 1