Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 5:2-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Нашето наследство падна во рацете на странците, нашите домови им припаднаа на туѓинците.

3. Сирачиња сме: немаме татко, мајките ни се како вдовици.

4. Водата што ја пиеме ја плаќаме со сребреници, треба да платиме и за дрво.

5. Јаремот ни е на вратот, нè гонат, исцрпени сме, не нè оставаат да здивнеме.

6. Ги пружаме рацете кон Египет и Асирија за да се наситиме со леб.

7. Нашите татковци згрешија, и веќе ги нема, а ние ги носиме казните за нивните беззаконија.

8. Робови ни заповедаат а никој - да нè избави од нивните раце.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 5