Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 5:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Спомни си Господи што нè најде, погледај, види го нашиот срам!

2. Нашето наследство падна во рацете на странците, нашите домови им припаднаа на туѓинците.

3. Сирачиња сме: немаме татко, мајките ни се како вдовици.

4. Водата што ја пиеме ја плаќаме со сребреници, треба да платиме и за дрво.

5. Јаремот ни е на вратот, нè гонат, исцрпени сме, не нè оставаат да здивнеме.

6. Ги пружаме рацете кон Египет и Асирија за да се наситиме со леб.

7. Нашите татковци згрешија, и веќе ги нема, а ние ги носиме казните за нивните беззаконија.

8. Робови ни заповедаат а никој - да нè избави од нивните раце.

9. Го донесуваме својот леб излагајќи го животот на меч во пустината.

10. Кожата ни гори како вжарена печка, со треска од пламенот на гладта.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 5