11. Тешко ним, зашто тргнаа по Каиновиот пат, и за печалба паднаа во Валаамовата заблуда и загинаа во Кореевата буна.
12. Тие се подводни скали на вашите трпези на љубовта, кои се гостат со вас без страв, пасејќи се себеси; безводни облаци носени од ветровите, есенски неплодни дрва, двапати умрени и откорнати;
13. бесни морски бранови, што се пенат со своите срамоти; ѕвезди скитнички, за кои се чува мрачна темнина довека.
14. А и за овие пророкуваше Енох, седмиот по Адама, велејќи: „Ете, Господ дојде со десет илјадници Свои свети,
15. за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници, за сите нивни безбожни дела, што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови, што безбожните грешници ги изговориле против Него.”
16. Тие луѓе се мрморливци, кои стално се жалат, кои живеат според своите страсти, а нивната уста изговорува горделиви зборови, а кои им ласкаат на одделни личности заради печалба.
17. А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18. зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.”
19. Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.
20. А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера, и молете се во Светиот Дух,