Стар Завет

Нов Завет

Галатите 3:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат?

2. Сакам само ова да го научам од вас: дали Го примивте Духот врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера?

3. Толку ли сте неразумни? Што почнувајќи со Духот, сега сами завршувате со тело?

4. Дали толку многу страдавте напразно? Ако е навистина напразно!

5. А Оној, Кој ви дава Дух и прави силни дела во вас, дали го прави тоа врз основа на делата на Законот или преку слушањето со вера?

6. Како што и Авраам „му поверува на Бога и тоа му се засмета за праведност.”

7. И така, признајте, дека Авраамови синови се оние, кои се од верата.

8. А и Писмото предвиде, дека Бог преку верата ги оправдува народите, и однапред му го навести Евангелието на Авраама: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.”

9. И така, оние, кои веруваат се благословени заедно со верниот Авраам.

10. Имено, кои ги прават делата на Законот, под клетва се, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој не е постојан во сè што е напишано во Книгата на Законот, да го исполнува тоа.”

11. А дека никој не е оправдан пред Бога преку Законот, јасно е, зашто „праведникот ќе живее од верата.”

12. А Законот не е од верата, туку вели: „Кој ги исполнува, ќе живее преку нив.”

Прочитајте целосна глава Галатите 3