Стар Завет

Нов Завет

1 Петар 3:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та ако некои не му се покоруваат на словото, да бидат придобиени без слово, со однесувањето на своите жени,

2. кога ќе го видат вашето поведение во страв и чистота.

3. Вашиот украс да не биде надворешен: во плетење на косата, во ставање на злато или во облекување на разни облеки -

4. туку: сокриениот човек на срцето во непропадливиот украс на кроткиот и мирен дух, што е од голема вредност пред Бога.

5. Зашто така некогаш се украсуваа светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на своите мажи,

6. како што Сара му беше послушна на Авраама и го наречуваше господар; вие сте нејзини ќерки, кога правите добро, не плашејќи се од никакво заплашување.

7. Така и вие, мажите, живејте благоразумно со жените како со послаб сад, искажувајќи им почитување како на сонаследнички на благодатта на животот, за да бидат вашите молитви без пречка.

8. Најпосле, бидете сите сложни во мислењето, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, понизни;

9. не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов.

10. Зашто „кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека го воздржи својот јазик од зло и своите усни од измамливо зборување;

Прочитајте целосна глава 1 Петар 3