13. нѐ избави од власта на темнината и нѐ воведе во царството на Својот возљубен Син,
14. во Кого имаме откуп преку крвта Негова и простување на гревовите.
15. Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;
16. бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.
17. Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.
18. И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.
19. Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,
20. и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.
21. И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,
22. сега ве примири во телото на Неговото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непорочни и без вина,
23. само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чувте, кое е проповедано на секое поднебесно создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.
24. Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.
25. Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,
26. тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,
27. на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.
28. Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;
29. затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.