Нов Завет

Јуда 1:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Јуда, слуга на Исус Христос, а брат на Јаков – до повиканите, возљубени во Бог Отецот и зачувани за Исус Хрис­тос.

2. Милост, мир и љубов да ви се мно­жат!

3. Возљубени, грижејќи се постојано, да ви пишувам за нашето општо спасение, сметав дека е неопходно да ви на­пишам и да ве замолам – да се борите за вистинската вера, која им е дадена на светиите еднаш засекогаш,

4. зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбож­ници, што ја превртуваат благодатта Бож­ја во нечистотија и се одрекуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.

5. Сакам да ви напомнам, иако ова веќе го знаете, дека Господ, откако го избави народот од египетската земја, ги погуби потоа оние што не веруваа;

6. ангелите, пак, што не се покоруваа на своето началство, и го напуштија живеалиштето, ги стави во вечни окови, во мрак за суд на големиот ден.

7. Како што Содом и Гомора и околните градови, што блудствуваа, а на ист начин како и тие, одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.

Прочитајте целосна глава Јуда 1