13. но сега, во Христос Исус, вие, кои некогаш бевте далеку, станавте блиски преку крвта Христова.
14. Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двата народи направи еден и ја разруши преградата што беше меѓу нив,
15. откако со телото Свое го уништи непријателството, а законот на заповедите и одредбите го обессили, за да создаде во Себе од двата еден нов човек, воспоставувајќи мир,
16. и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уништи непријателството во себе.
17. И, откако дојде, Тој ви благовести мир вам далечни и блиски,
18. зашто преку него и едните и другите имаме пристап кај Отецот во еден Дух.
19. И така, вие веќе не сте туѓи и придојдени, туку сте им сожители на светиите и членови на Божјото семејство,
20. зашто се утврдивте на темелите поставени од апостолите и пророците, имајќи Го како камен темелник Самиот Исус Христос,
21. врз Кого целата зграда, стројно зглобена, прераснува во свет храм на Господ;