4. сеќавајќи се за твоите солзи, копнеам да те видам, за да се исполнам со радост,
5. спомнувајќи си за нелицемерната вера кај тебе, која најпрвин се всели во твојата баба Лоида и во мајка ти Евника, а убеден сум дека ја има и во тебе.
6. Поради тоа ти напомнувам да ја распалуваш Божјата дарба, која ја имаш во себе преку полагањето на моите раце.
7. Зашто Бог не ни даде дух на страв, туку дух на сила, љубов и разбраност.
8. И така, не срамувај се од сведочењето за нашиот Господ Исус Христос, ниту од мене, затвореникот за Него, туку стани соучесник во страдањата за Евангелието Христово по силата на Бога,
9. Кој нѐ спаси и нѐ повика кон свето звање, не поради нашите дела, туку по Својата добра волја и благодатта, што ни е дадена во Христос Исус пред вечни времиња,
10. а откриена сега со јавувањето на нашиот Спасител Исус Христос, Кој ја уништи смртта и го осветли животот и нераспадливоста преку Евангелието,
11. за кое сум поставен како проповедник, апостол и учител на незнабошците.
12. Затоа и го трпам тоа; но не се срамувам, зашто знам во Кого сум поверувал и уверен сум дека Тој е моќен мојот залог да го запази за оној ден.
13. Имај ги, како пример, здравите зборови што си ги чул од мене, со вера и љубов во Христос Исус!
14. Запази го добриот залог преку Светиот Дух, Кој живее во нас!
15. Го знаеш тоа дека мене ме напуштија сите во Азија, меѓу кои и Фигел и Ермоген.
16. Господ нека му даде милост на домот на Онисифор, зашто многупати ме успокои и не се посрами од моите окови.