1. Павле, Силван и Тимотеј до срквата на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос:
2. благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос!
3. Должни сме секогаш да Му благодариме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша необично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува,
4. така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и маки, што ги поднесувате:
5. тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате.
6. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа,
7. а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,
8. во распламнат оган да им се одмаздува на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на нашиот Господ Исус Христос.
9. Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ,
10. кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што поверуваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.