поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3

Нов Завет

2 Солуњаните 1 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

Поздрав

1. Павле, Силван и Тимотеј до срк­ва­та на Солуњаните во Бог Отецот наш и Господ Исус Христос:

2. благодат вам и мир од Бог Отецот наш и Господ Исус Христос!

Праведниот Божји Суд

3. Должни сме секогаш да Му благода­риме на Бога за вас, браќа, онака како што прилега, затоа што верата ваша не­обично многу расте, и заемната љубов кај сите вас изобилува,

4. така што ние самите се фалиме со вас во Божјите цркви за вашето трпение и вера и покрај сите прогони и ма­ки, што ги поднесувате:

5. тоа е доказ за праведниот Божји суд дека вие ќе се удостоите со царството Божјо за кое страдате.

6. Бидејќи справедливо е пред Бога да им ги врати маките ваши на оние што ве мачеа,

7. а вам, на мачените, да ви возврати спокојство заедно со нас, кога Господ Исус ќе се јави од небото со ангелите на Својата сила,

8. во распламнат оган да им се одмаз­ду­­ва на оние кои не Го познаваат Бога, кои не го послушаа Евангелието на на­шиот Господ Исус Христос.

9. Тие со вечна погибел ќе бидат каз­не­ти далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ,

10. кога ќе дојде Тој за да биде прос­лавен во оној ден сред Своите светии, и да Му се восхитуваат сите оние што по­веруваа, а исто така и вие, бидејќи со вера го примивте нашето сведоштво.

11. Затоа и се молиме секогаш за вас да ве удостои нашиот Бог за звањето и да ја исполни со сила секоја желба за добрина и секое дело на верата,

12. та да се прослави во вас името на нашиот Господ Исус Христос, и вие во Него по благодатта на нашиот Бог и на Господ Исус Христос.